Прозорци > Гeнео

 
  • Опис
  • Предности
  • Дизајн
  • Прибор
 

Енергетска ефикасност до совршенство: Полно армиран прозорски профил од високотехнолошки материјал РАУ – ФИПРО ®


ГЕНЕО е енергетски најдобриот прозорски профил кој моментално го има на пазарот со длабочина на вградување 86 mm. Она што го прави посебен е високотехнолошкиот материјал РАУ - ФИПРО. Тоа е материјал со влакнесто мрежно врзување кој што овозможува голема стабилност на профилот. Во 90 % од примените веќе не се потребни челични армирања како кај другите прозорски профили. На тој начин со ГЕНЕО се добиваат најдобри вредности на топлинска изолација, бидејќи топлинските мостови кои што се создаваат при примена на челик отпаѓаат. Исто така со ГЕНЕО се веќе повеќе од исполнети критериумите кои ги поставува правилникот за заштеда на електрична енергија (EnEV) . Истовремено овој систем нуди оптимални предуслови за дизајн и комфор – без притоа да има компромиси за топлинската изолација.

Карактеристики:

  • Длабочина на вградување: 86 mm / средишен дихтунг
  • Број на комори: 6 комори
  • Топлинска изолација: Uf = до 0,86 W/m²K
  • Заштеда на енергија: до 76% *
  • Материјал: материјал со влакнесто мрежно врзување РАУ-ФИПРО®, коекструдиран надворешен слој од високо квалитетен РАУ-ПВЦ за најдобар квалитет на површините
  • Звучна изолација: без челично армирање до  Rw,P = 47 dB (со застаклување  Rw = 50 dB)
  • Заштита од провалување: до класа на отпор 3, до класа на отпор 2 без челик
  • Пропустливост на воздух: 4 (EN 12207)
  • Заштита од поројни дождови: 9A (EN 12208)